Крстиња Тодоровиќ, финалистката на минатосезонското издание од „Ѕвездите на Гранд“, ослабе 85 килограми благодарение на операција на стомакот, а наскоро ќе оди на уште една операција – затегнување на кожата.

– Останува уште малку до тој конечен резултат. Очекувам по Нова година да направам операција за затегнување на кожата – рече Крстиња, операција која ќе ја финансира Саша Поповиќ. Тоа го вети неодамна, за што поскоро, како што рече, на сцената да се појави во „минич“ младата Црногорка.

Спотот и песната сè уште ги нема направено како и повеќето нејзини колешки од натпреварувањето, па Крстиња одговара на прашањето дали се плаши дека ќе остане на страна бидејќи се уште не ги искористила своите „5 минути слава“.

– Секогаш те тера да размислуваш што ќе се случи кога ќе дојде некој нов и интересен, дали ќе заминеш во заборав, но песната треба да се сними во вистинско време, но вистинската песна, а не ништо. Мислам дека ќе дојде вистинското време во моментот кога ќе бидам 100% задоволна од личноста, се надевам многу брзо, и дека песната ќе биде вистинско освежување – откри ѕвездата на „Гранд“ во „Гранд магазин“.

📷

📷