На социјалните мрежи од вчера се споделува потресно видео од Твитер, направено во Украина.
Авторот е непознат, но лицето што го направило видеото, наводно присуствувало кога мажите се опростувале од своите семејства кои заминувале во безбедна зона, додека тие останувале да ја бранат земјата.
Емотивниот момент кога неименуван Украинец мора да се одвои од ќерка си, која со својата мајка заминува со автобус на безбедно – никого не остава рамнодушен.
Here something real…… A Ukrainian father says goodbye to his daughter before sending her away from danger. He is staying behind to fight for Ukraine. pic.twitter.com/3JSHQh2nIv
— Saint Germain 🗽 ⚖️ 🇺🇦 (@stgermy) February 25, 2022
Мажот кој останува да ја брани земјата не можел да ги запре солзите додека ја прегрнувал ќерка си и ѝ ја местел капата, а плачело и девојчето додека се разделувало од својот татко.
Видеото постојано се споделува на социјалнте мрежи, а го објави и „Independent“. Сцената од разделувањето на семејство од Украина, како што пишуваат корисниците на социјалните мрежи – е најтешкото нешто што може да му се случи на човек, па во коментари се повикува на крај на воените акции.
War hurts innocent people, war parts families, here's a father saying goodbye to his daughter 😢 #Ukraine
— Dami’ Adenuga (@DAMIADENUGA) February 25, 2022
Исто така, се споделува уште една снимка која наводно настанала во истата прилика, во која татко се опростува од својата ќерка која седи во автобус, а се поздравуваат така што на прозорецот од автобусот еден на друг си цртаат срце.