Ако се суди според фотографиите кои ги објавуваат граѓаните од пред канцелариите на ДИК каде се собираат потписи за претседателскиот кандидат Македонија веќе го има победникот на претседателските избори.
Партијата планираше 10 илјади потписи да се собираат еден ден но според динамиката на потпишување на граѓани во неколку скопски канцеларии на Државната Изборна Комисија тие ќе бидат собрани за само два до три часа.
Потписите се собираат во 34 канцеларии на ДИК и пред 4 нотари и таму уште од 8 часот наутро има редици луѓе кои чекаат да се потпишат за кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова.
Утрово по 8 часот во канцеларијата во Кисела Вода за половина час за Силјановска се потпишале 41 лице а во Центар кој важи за бастион на СДСМ за 45 минути се потпишале 50 лица.
Тоа значи дека еден потпис за Силјановска се собира за помалку од една минута.
Доколку овој тренд продолжи на сите 38 локации каде граѓаните се потпишуваат за Гордана Силјановска Давкова процесот на собирање 10 илјади потписи ќе заврши за неколку часа.
Партиската насока за членовите на ВМРО-ДПМНЕ била во канцелариите на ДИК била да се оди по 9 часот но многу граѓани отишле да го депонираат својот потпис уште пред 8 часот и чекале отворање на канцелариите.
Вчера со 444 гласа од 447 делагтаи на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ Силјановска стана официјален кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Македонија.