Украинката Олга Семидјанова наводно била убиена пред две недели за време на престрелка во град во близина на Доњецк на југот на земјата, а медиумите наведуваат дека 48-годишната жена продолжила со борбите откако најголемиот дел од нејзината единица бил убиен.
Според семејството на Олга, таа била застрелана во стомакот, но нејзиното тело се уште не е пронајдено поради континуираните борби во областа.
Ќерката на Олга: Се уште не можеме да ја закопаме мајка ми
– Ги спасувала војниците се до самиот крај. Имаме фотографии од местото на смртта, но поради тешките борби сè уште не можеме да ја закопаме мајка ми, изјави нејзината ќерка Јулија за The Sun.
Олга била лекар. Таа служела во војска од 2014 година, а била убиена на границата меѓу регионите Доњецк и Запорожје на 3-ти март, објави Киев Индипендент.
Таа била мајка на шест деца, а посвоила уште шест
Олга имала шест деца и посвоила уште шест од локалниот дом за сираци. Живеела во градот Марханец, на околу 240 километри од местото каде што беше убиена на почетокот од овој месец.
Семидјанова беше добитничка на титулата „Мајка на хероин“, која се доделува на жени со повеќе од пет деца. Откако се појави веста за смртта на Олга, пристигнаа почести, предводени од членови на украинската влада.
Антон Герашченко, советник во Министерството за внатрешни работи, за The Sun изјави:
– Таа беше убиена во судир со руски насилници. Дури и кога знаела дека нејзиниот полк нема да преживее, Олга ја нагласи својата желба да ја заштити земјата до крај. Таа е национален херој. Таа за мене е херој.