Магдалена Влашки (10) почина вчера по тешката битка со ракот на мозокот, која траеше само една година. Магдалена до минатата зима беше насмеано и среќно дете од Трново, кај Сараево.

Таа уживаше во детскиот живот со танцување, пеење, дружење, љубовта кон братот и сестрата, љубовта кон мама и тато, пишуваат нејзините блиски преку социјалните мрежи.

За жал, една вечер, една силна главоболка и повраќање, доведоа до дијагноза што го замрзна детството на Магдалена. Рак на мозокот, глиобластом од 4 степен, лоциран во мозочното стебло, местото во мозокот кое ги одредува виталните функции.

Глиобластомот е еден од најтешките и најагресивни тумори. Малигнитет со кој се едвај се борат дури и возрасните, а камоли децата.

Магдалена итно била префрлена во Белград, каде била оперирана и каде започнало нејзиното лекување. Во непозната средина, во четири ѕида излепени со ладни плочки, со зрачење и хемотерапија, Магдалена ја започна својата животна борба.

Според објавата на Фејсбук, таа битката ја водела храбро, со крената глава.

Како што соопштија од семејството на Магдалена, погребот на девојчето ќе се одржи на 27 ноември 2024 година.

Погребот ќе се изврши во 12 часот во црквата Св. Ѓорѓија во Трново.