Има жртви во пожарот, но не би можел да го кажам нивниот број, изјави пред малку вториот човек на тетовската противпожарна единица, Сашо Трајчевски за Алсат-М. Во продолжение го пренесуваме целиот разговор со новинарот на националната телевизија.

„Значи, во 21 часот и 2 минути е пријавено дека гори модуларната болница во медицинскиот центар во Тетово. Екипите, за 3-4 минути, нема повеќе, се пристигнати на лице место. Со околу 7 возила и над 30 пожарникари е учествувано од двете страни. Кога се екипите пристигнати беше целото во пламен. Значи тоа е внатрешно (почнато), не е надворешно значи. Се што е од наша страна е употребено. 21 и 30 е локализиран пожарот. Во 21 и 45 е ликвидиран компелтно

– Дали имаше жртви?

Да, да. Додека се гасеше пожарот, значи пламените јазици беа огромни бидејќи модуларна е болницата, има пластика. Се вадеа и жртви додека се гасеше.

Отприлика колку жртви имаше?

Не можеме да знаеме. Не можеме, се уште немаме евиденција колку се, што се.

Дали е се исчистено, бидејќи гледаме уште се вадат…

Не, не. Мислам дека има уште една жртва онде што седи. Најверојатно е и почината. Се чека екипа. Значи пожарот е ликвидиран моментално. Од наша страна е употребено се.

Од вашето искуство од што беше пожарот?

Се уште има служби што работат кои треба да утврдат, ние не можеме да даваме такви информации.