Владата активно се вклучува во решавање на проблемот со јавниот превоз во Скопје, дознава Курир од владини извори. Според потврдените информации, денеска во 14 часот ќе се одржии итна владина седница за надминување на состојбата во Градот Скопје со недостиг на гориво за Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП).

На седницата, според нашите извори, ќе се расправа за изнаоѓање решение за проблемот кој со денови ги мачи Скопјени, како можно решение е позајмување на гориво од нафтените државни резерви кои ќе му се доделат на Градот Скопје се до надминување на проблемот со набавката на нафта за градот и ЈСП.

Скопјани од утрово мора да се снаоѓаат за да стасаат до своите работни места поради вчерашните најави на синдикатите при ЈСП „Скопје“ дека јавниот градски превоз во главниот град ќе се одвива со драстично редуциран број на автобуси, поради недостиг на гориво.