Додека многу во карантинот пуштаат брада, професионалниот модел и амбасадор за производи на нега на брада Карлос Коста го направи сосема спротивното, тој ја избричи брадата за прв пат после 10 години

-Поминаа 10 години откако си го имам видено лицето и тоа се променило, вели тој

-Сега имам 40 години, сум остарел и сакам да видам како изгледам без брада, вели Карлон и додава дека неговата жена која ја запознал пред седум години никогаш не го видела без брада.

– Не се сеќавам дека сум бил ваков, вели Карлос отатко ја избричи брадата. За неговата сопруга Џена ова претставуа шок.

-Ова е чудно. О боже не можам да те гледам, не личиш на севе“, вели Џена во видеото откако за прв пат ќе гоп види својот сопруг без брада.

По првиот шок таа воочува дека Карлос сега всушност изгледа помладо.

-Знаеш што е чудно? Сега можам да ти ги видам усните додека збориш. Кога подобро ќе размислам, никогаш не сум видела како ти се движат усните додека зборуваш, вели Џена.