Смртта на Јован Кулиќ (31), млад човек од Апатин (соседна Србија) кој трагично загина под тежината на комбето што го поправал, предизвика голема тага кај неговото семејство и пријателите, кои на социјалните мрежи испратија трогателни пораки со кои се простуваат од него.
Несреќата која го однесе животот на Јован Кулиќ ја потресе локалната заедница и ги отвори прашањата за безбедноста при поправка на возила. Кулиќ го кренал комбето на дигалка од автомобил во дворот спроти неговата куќа. Дигалката наеднаш се лизнала и возилото паднало врз него, при што загинал на лице место.
Семејството и пријателите ја изразуваат својата тага преку емотивни објави на социјалните мрежи. Неговата сопруга објави заедничка фотографија на Фејсбук како профилна слика, додека пријателите оставаат пораки со поддршка и спомени за Јован.
– Се провлеков од другата страна, му ја допрев главата, не даваше знаци на живот – рекла мајката на сопругата на Јован, која го пронашла откако добила вознемирувачки вести од соседите.
Семејството и пријателите се збогуваат со настраданиот Јован
– Почивај во мир брате мој. Нека те чуваат ангелите. Беше легенда од човек и добар пријател. Постојано неше насмеан и знаеше да ги насмееш другите – напишал пријател на починатиот, каде покрај тажни зборови ја објавил и црно-бела фотографија.
Имено, на социјалната мрежа Фејсбук се огласи и неговата сопруга, која ја смени само сликата на профилот, каде наместо себе, ги објави двајцата како позираат во прегратка и каде се бакнуваат.
– Колешке, жал ми е за твојата загуба. Нека почива во мир – напишано е во еден од коментарите под објавата.
Телото на несреќниот маж е однесено на обдукција во Институтот за судска медицина во Нови Сад, по што ќе следи погребот. Сочувството и изразите на тага продолжуваат да се слеваат на социјалните мрежи додека заедницата тагува за загубата на младиот живот.