Популарната пејачка Рада Манојловиќ беше шокирана и вознемирена од смртта на српскиот кошаркар и првотимец на АЕК, Стеван Јеловац, кој почина вчера на 32-годишна возраст.
Манојловиќ на Твитер се огласи за трагедијата, истакнувајќи дека се надевала на добри вести.
– Леле луѓе, каква тажна вест! Почина Стеван Јеловац, нашиот млад кошаркар, ова е страшна трагедија, па Боже… Се надевавме и чекавме со денови подобри вести, долго се бореше, тешко колку е трагично, голема тага, напиша пејачката на Твитер.ж
Јеловац доживеа мозочен удар на 14 ноември на тренинг и оттогаш почна неговата борба за живот.
Пред неколку дена беше префрлен во Србија, по барање на семејството, но лекувањето во родната земја не му успеа.
Јеловац пред да дојде во Атина играше за Визура, Мега, Црвена звезда, Анталија, Литвос Ритас, Сарагоса, Нижни Новгород, Бросе Бамберг, Газиантеп и јапонскиот Сан-енНеоФеникс.
Тој беше репрезентативец на Србија, за која дебитираше на 28 години и и помогна на репрезентацијата да се пласира на Светското првенство во 2019 година.