Вистинска драма се одвивала денеска во близина на градската плажа во Ужице, пишуваат српските медиуми. Марко Дидановиќ од Ужице бил на риболов но пред него во водата видел дека паднало 7-годишно девојче. Се фрлил во водата и ја спасил.
-Рибарев со другарот Бојан, се одеше како што треба, но во еден момент слушнав дека нешто падна во водата. Прво си помислив дека е риба, но Бојан забележа мало девојче во водата кое се бори за живот. Ми рече, девојчето се дави. Без размислување поитав кон неа, скокнав во реката, таа се давеше. Во мигот само сакав да ја спасам, изјавил тој за „Телеграф“.
Иако брановите ја однеле, Марко успеал во ладната река Ѓетиња да ја дофати, да исплива до неа и тој миг вели дека ќе го памети целиот живот.
-Никогаш нема да можам да ги заборавам тие нејзини сини очи додека беше во водата, штом дојдов до неа, ја фатив и брзо излеговме на брегот. Чувството беше неверојатно. Се вика Јулија имаше околу 6-7 години, вели тој.
Марко вели дека ќе го памети Божик 2025 додека е жив, а утре ќе го види девојчето и открива дека ќе ѝ купи подарок.