Случајот со претепувањето на вработена во хотелот „Јабланица“ ја потресе Босна и Херцеговина и тамошната јавност. Како што изјави нападнатата Ениса Клепо за порталот „Аваа“, се здобила со тешки физички повреди. Ениса била претепана од работодавецот Амир Џафиќ, кој завршил, но брзо потоа е бил пуштен на слобода.
– Што да кажам?! Катастрофа – почнала Клепо со нејзината исповед. Девојката две години била вработена во тој хотел, а конфликтот настанал кога таа рекла дека сака да ја напушти работата.
Клепо најавила оставка, но нејзините работодавци Амир и Инес Џафиќ верувале дека таа извршила притисок и врз другите колеги кои сакале да дадат отказ.
Таа додаде дека Инес Џафиќ вербално нападнала нејзина колешка затоа што во екот на сезоната го напуштила хотелот. Таа посочува дека Инес им рекла да ги игнорираат постапките на Амир и да продолжат да работат како досега.
– Амир и Инес упатија обвинувања против мене, дека предизвикувам немир во објектот и дека ги убедувам колегите да се откажат од работата.
Амир Џафиќ се нафрлил на Ениса, ја кренал од столот на кој седела на рецепцијата во хотелот, и ја искинал кошулата и ја удрил со тупаница по лицето.
– Ме удри со тупаница, што беше снимено од камерите. Станав и се обидов вербално да се одбранам. Како да се бранам? Јас имам 60, тој има 160 килограми. Тој е еден коњ – ја раскажува потресната приказна Ениса за порталот „Аваз“.
Неколку скршени коски
– Само се сеќавам дека бев на скалите што водат до базенот, каде што му реков да застане, само да ми го даде мобилниот телефон за да ги известам моите родители. Станав и му реков да се поттргне. За некое чудо се помести и рече дека нема да ми плати. Ги повикав моите родители и моето омче. Полицијата дојде. Родителите ме однесоа во Итната помош – изјавил Клепо.