По објавувањето на ТВ21 за веста со скандалот во тетовската болница каде вработен анестезиолог на Гинеколошкиот оддел во Тетово во живо на Тик Ток снимаше пациентки по сали, се огласи и директорот Пелумб Вела, кој го пријави овој случај во полиција.

Тој од пред СВР Тетово за ТВ21 ни истакна дека го осудува овој случај и дека очекува органите на прогонот што побрзо да го решат овој случај.

„Јас како директор сега сум во СВР Тетово да го презентирам случајот и во најбрз можен рок ќе го решиме ова прашање со органите на прогонот. Овој настан за нас не е разбирлив и го осудуваме секое непрофесионално однесување на медицинскиот персонал кон пациентите“, рече Вела.