Откако српската јавност жестоко го осуди годинашниот финалист на „Ѕвездите на Гранд“ Садик Хасановиќ на социјалните мрежи, кој пееше песни за масакарот врз Србите и се сликаше со Насер Ориќ, а потоа се обиде да се здобие со слава натпреварувајќи се во „Гранд“, кренатата прашина не се спушта.
Социјалните мрежи полни се со коментари дека ова момче мора да биде казнето на некој начин, а некои дури рекоа дека треба да му биде забрането да влегува во Србија.
За оваа прилика, поранешниот член на жирито на ова натпреварување, Аца Лукас во изјава за српските медиуми вели:
– Имаме многу полоши луѓе кои пееја на тие теми пред него, и никој не мрдна со прст. Еве, на пример, Дино Мерлин. Сега има толку многу љубомора околу момчето кое воопшто не го заслужи тоа, згора на тоа, тој не пееше такви песни за време на натпреварот, изјави Лукас за Објектив.