Голем пожар му се заканува на Кочани, a според информациите, најкритично е кај улицата „Васил Главинов“.

На терен се противпожарни возила, а во справувањето со пламените јазици се приклучија и локалните жители. Сепак, поради силниот ветер, гаснењето се одвива отежнато.

Од Центрарот за управување со кризи информираат дека во Кочани има активен пожар, предизвикан од паднат далекувод кај мв Костин дол и истиот за кратко време се има проширено кон шумски предел и е вон контрола. Според РЦУК Кочани за истиот е постапка за барање помош.

Во продолжение Ви ги пренесуваме интегрално информациите за состојбата со пожарите во земјата за денеска:

РЦУК – Штип, известува за нов пожар во атар на с.Нов Истевник маало Пасјак, општина Делчево. Со пожарот е зафатена шума со црн бор, јасика и бука на површина од околу 10 хектари. Во моментот во гаснењето на пожарот интервенираат 6 пожарникари од ТППЕ Делчево и ТППЕ Пехчево, а вклучени се и лица од ШС Голак, ШС од Берово и

ШС од Пехчево. Се работи за тешко пристапен терен. Пожарот е активен и се уште не е под контрола.

Исто така известува за пожар во близина на с. Бели, мв Сламерник, општина Кочани. Опожарена е сува трева постои опасност од зафаќање на на лозови насади во близината.ТППЕ Кочани се наоѓаат на терен со 1 ПП мв. како и екипа од ТППЕ Виница со 2 ПП мв и 4 пожарникари, побарана и се очекува помош и од ШС Осогово. Во моментот пожарот се држи по полето но со промена на правецот на ветерот постои опасност истиот да се прошири кон Пониква. За состојбата со пожарто известени се: ЕЛС, ЈКП Водовод и ДЗС.

Според јавувања од граѓани ситуацијата е сериозна во Белско маало, Бејрут маало и на др. Локации. Присутна е паника кај населението.

РЦУК Кочани известува за пожар во близина на с. Бели мв Сламерник пожарот во неколку нарати е загасуван но истиот се разгорува и во моментот е вон контрола и претставува опасност кон склад на Макпетрол, кон Драчевик и Белско маало. Според дојава на граѓани пожарот е сосема до куќите.ТППЕ Кочани се наоѓаат на терен како и екипа од ТППЕ Виница со 2 ПП мв и 4 пожарникари. Барања од граѓани за дополнителни сили бидејќи постоечките не можат да задоволат.

ТППЕ Штип во моментов интервенира на три различни локации: С. Балван, с. Црвулево и мв Суитлак. Подетално за интервенциите по пристигнување на екипите од терен.
Општина Кратово

Од Раководителчот на РЦУК Кратово сме известени дека во Општина Кратово моментално имаат два пожари активни и тоа:

Во с.Живалево гори сува трева ниско стеблеста деградирана шума со површина од 10хектари,во гаснење учествуваат 8пожарникари со 3 возила и 6 лица од месно население.

Во с.Татомир опожарена е околу 50хектари дабова шума,нискостеблеста деградирана шума ,сува трева и една штала но нема загуби во сточниот фонд,интервенираат 8лица од ШС Кратово, 6 лица месно население и 5 лица доброволци од Општина Кратово.

Општина Крива Паланка

Од ПС Крива Паланка не известија дека имале четири пожари и тоа во Мала Пешинце,Градски водовод,с.Конопница и во с. Варовиште. Првите три пожара се ликвидирани а во с.Варовиште е уште активен пожарот и е запалена сува трева,ниско стеблеста деградирана шума и дабова шума. Според инфо. Од ПС К. Паланка веке се изгорени една куќа и една штала.

Со ТППЕ Крива Паланка и по многубројните напори и пријавувања не можевме да стапиме во контакт.

Општина Ранковце

Од командирот на ПС Ранковце сме информирани дека пожарот во с.Отошница е активен и е со површина од околу 500хектари,гори сува трева,дабова и борова шума на терен се преставници од Општната Ранковце,Полицијата,ШС Крива Паланка со две возила и околу 50 мештани који помаагаат во гаснењето имама изгорена една куќа,пожарот иде према село Пклиште и с.Герман.

Општина Липково

Пожарот кој беше пријавен во с. Белановце 16,03ч е уште активен. Се гори сува трева и дабова шума. На терен има 3 од ЈП Ш. Стопанство-Куманово и 20 мештани.

Според инфо. Од ШС Куманово оние се надеват дека ке се стави под контрола и ке се ликвидира.

Општина Куманово

од ТППЕ Куманово не известија дека преку денот имаа многу интервенции и не можат да постигнат на сите места. Моментално интервенират со 2 екипи во с.Мургаш на запалена нискостеблеста деградирана шума, сува трева и стари напуштени куќи.Пожарот е со поголема површина.

Исто така интервенирале и во с.Добршане со една екипа на запалена куќа и помошни објекти со материјал со даски и т.н.

Една екипа се во Кокино, Жегјане и Малотино.

Од наша страна известени се лица за контакт со Општина,ДЗС,ТППЕ, Ш.С. СВР..

Цело време бевме во контакт со сите локални и регионални институции и јавни препријатија

РЦУК – Охрид, известува дека село Делогожда, општина Струга според информација добиена од директорот на ПШС Јабланица моментално е локализиран. Екипа од ПШС Јабланица и од ТППЕ-СТРУГА се уште се на терен и го контрлирет просторот кој беше зафатен од пожарот.

РЦУК – Битола, ја пренесува информацијата од ТППЕ Битола во која се наведува дека во 09:30 часот е започнат нов пожар на сува трева на ридот над млинот во с.Лознани, општина Могила. Пожарот е локализиран од страната на с.Лознани, а сеуште е активен покрај патот за с. Ивањевци, но се контролира и нема опасност од проширување. На терен има екипа од 2 пожарникари со 1ПП возило.

Пожар на помошен објект на ул.Драгорска во Битола. Пожарот започнал во 13,45 часот а изгаснат е во 15.05 часот. Интервенирале 6 пожарникари со 2 ПП возила.
Во општина Прилеп има интервенција на запалена сува трева во атарот на с.Ореовец,општина Прилеп. Пожарот започнал во 12,50 часот и има опасност да се прошири према селото. На терен има екипа од 5 пожарникари со 2ПП возила кои интервенираат и ги обезбедуваат куќите од селото.

Интервенција на запалена сува трева и нискостеблеста шума во атарот на с.Топлица, општина Прилеп. Пожарот започнал во 13,10 часот и има зафатено поголема површина. На терен интервенира екипа од 4 пожарникари со 1 ПП возило. Дополнително ќе се испрати едната екипа од с.Ореовец.

Интервенција на запалено стрниште во атарот на с.Канатларци,општина Прилеп.Пожарот започнал во 14,10 часот и се шири према атарот на с.Добрушево. На терен интервенира екипа од 2 пожарникари со 1 ПП возила.Најавено е дека во гасењето на пожарот ќе се вклучат жители на селото.

За сите пожари известени се: ДЗС Прилеп и СВР Прилеп, а одговорното лице од ЕЛС Прилеп не одговара на тел. повици.

Информација за пожари на територијата на Р.С. Македонија

Денеска (02.08.2021), Ситуациониот центар при Центарот за управување со кризи, согласно информациите од дежурните Регионали центри за управување со кризи известува за повеќе активни пожари во државата, што се разгореа покрај заради топлото време и сува вегетација и заради силниот променлив ветар во текот на средината на денот. Субјектите од Системот за управување со кризи, помогнати со армиски хеликоптери се бореа со огнената стихија, согласно можностите и врееменските услови, особено во најкритичниот регион, во Кочанско каде што пожарот стигна до градот.

Информцијата ги опфаќа генерално пожарите на цела територија на државата:

РЦУК – Струмица, известува дека шумскиот пожар кај м.в. Погана е ставен под контрола. Во најголем дел е изгаснат. На еден дел од околу 10 – 20 метри има горење на густ прнар на непристапно место. Се прават напори да се пресече, и се надеваат дека за краток временски период ќе биде изгаснат.

РЦУК – Куманово, известува дека пожарот киј се простира на тромеѓето поеѓу селата Степанце, Жегљане и Малотино е сеуште активен. Со пожарот е зафатена нискостеблеста шума, сува трева, црн бор, и багрем на поголема површина. Во гаснењето на пожарот интервенираат 9 пожарникари со 2 ПП возила од ТППЕ Старо Нагоричане, 4 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Куманово, 4 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Ранковце, 2 лица од ШС Куманово, 3 лица од месното население. Од утрово во гаснењето на пожарот е вклучен и хеликоптерн на АРСМ. Во моментот на теренот има ветер со променлив правец, бидејќи дел од пожарот се простира на непристапен терен пожарот се шири. Хеликоптерот дејствуваше до 12:00 часот, а се очекува со дејствувањето да се продолжи и во попладневните часови.

Општина С.Нагоричане

Во 18,48ч е добиена инфо. за пожар во с.Молотино -Степанци но без прецизни инфо. за каков пожар се работи.

Во 19,45 од СВР Куманово добивме инфо дека има поголем шумски пожар.

Веднш е станено во контакт со ЈП Шумско Стопанство -Куманово кои ни потврдија дека се работи за шумски пожар каде се гори ниско стеблеста шума црн бор има и багрем во помала количина шума со површина е над 50 хаектари.

Веднаш ги информиравме Оп. С. Нагоричане, ТППЕ-Куманово и С.Нагоричане и ДЗС.

На терен се:

-ТППЕ-Старо Нагоричане со 9 пожарникари и 2 ПП возила.
-ТППЕ-Куманово со 4 пожарникари и 1 ПП возило.
-ЈП Шумско Стопанство – Куманово со 2 шумари.
-Полиција – 2 полицајци и се очекува командирот на -ПС С. Нагоричане да и се придружи на њима.
-И тројца доброволци.
-ТППЕ-Ранковци со едно ПП возило и 4 пожарникари.

Ситуацијата со пожарот не e променета.

Има зголем број на ЈП Македонски Шуми кои моментално се 11, а и од месното население и се придружија, а другите сили се исти.

Има пуштено хеликоптер али има голем ветер и ситуацијата е многу тешка. Село Кокино е евакуарано и се изгориа неколку стари куќи.

Пожарот уште е надвор од контрола.

Екипите се потрудат максимално да се обиколи и по можност да се сечи проширувањето на пожарот.

Местото на пожарот се вика Степански рид Ш:С:Е бр.71, во тромеѓе на селата Малотино, Кокино и Жеглане.

с. Дренак – На 195 ни се јави жител од с.Дренак (078/258-965) во 18,27ч и не извести дека во повисокиот дел на селото изгорени се стари напуштени куќи, опожарена и една Црква и училиштето. Командирот на ТППЕ С.Нагоричане не извести дека не е запознаен за пожарот и дека нивните екипи интервенират на горенаведениот пожар.
Се гори сува трева, нискостеблеста деградирана шума.