Душко Тошиќ на полициското рочиште потврди дека денеска во семејниот дом на Дедиње имало кавга меѓу него и неговата сопруга, пејачката Јелена Карлеуша, но изјавил дека не се точни нејзините наводи дека имало насилство.

Како што открива изворот на Курир, Тошиќ на инспекторите во полициската станица Савски венац, каде што дал изјава, им рекол дека е шокиран бидејќи Јелена пријавила такво нешто во полиција.

„Јелена не ја удрив, не ја ни допрев, единствено е вистина дека се расправавме. Во брак сме долго време, посветен сопруг и татко сум. Најтешко ми паѓа тоа што наместо денеска да сум со децата и во својата семејна куќа да го поминам празникот, во ситуација сум да седам во полициска станица поради пријава од сопругата. Шокиран сум што ова ми се случува, наводно рекол Душко Тошиќ, кому полицијата му изрече мерка забрана за доближување до сопругата во следните 48 часа.

На рочиштето присуствуваа и неговите адвокати Небојша Перовиќ и Никола Премовиќ. Перовиќ потврди дека Душко Тошиќ негирал дека бил насилен кон сопругата.

„Мојот клиент негира дека извршил какво било насилство. Полицијата постапила по пријавата на г-ѓа Јелена Карлеуша, кратко изјави Перовиќ.

„Она што можеме да го кажеме е дека нашиот клиент не е виновен. Немаше насилство, нема елементи на никакво насилство. Сите што го познаваат знаат дека тој е семеен човек и угледен спортист“, рече адвокатот на Душко Тошиќ, Никола.

Да потсетиме, драмата пред вилата на Дедиње започна утрово кога на пповик на пејачката во нивната куќа дошла полиција. Наводно, таа одбила да оди на лекарски преглед и да дојде во станица и да даде изјава. Нејзиниот сопруг е сослушан во својство на граѓанин, а дури откако ќе биде поднесена пријавата на полицијата и надлежните служби до Првото основно обвинителство ќе се одлучува за понатамошните дејствија.