Јелена Карлуеша својот сопруг Душко Тошиќ го пријави во полиција за семејно насилство, а сега објави и фотографија на својот Инстаграм профил, после целодневната драма.

Имено, таа постави фотографија на која е со мајка и Дивна Карлеуша, која и беше голема поддршка во животот, а која очигледно многу и недостасува во вакви драматични и тешки моменти.

Претходно таа сподели и фотографија од гробот на мајка и, кој секогаш е прекриен со свежо цвеќе.

📸

Карлеуша денеска околу 12 часот во полиција го пријавила својот сопруг, поранешниот фудбалер Душко Тошиќ за семејно насилство.

Имено, на Божиќната дружба во нивниот дом на Дедиње имало две семејства, она на Јелена и на сопругот Душко, а среде ручек настанала расправија и настанал целосен хаос. Како што пријавила Карлеуша во полиција, фудбалерот прво ја плукнал, а потоа следело физичко насилство, објавува „Блиц.рс“.

Како што дознава пак весникот „Информер“ од полициски извори, пејачката Карлеуша наводно има видливи повреди на лицето во вид на модринки, откако сопругот Душко Тошиќ ја удрил со отворена тупаница.

На божиќниот ручек во домот на Тошиќ присуствувале и семејството на пејачката и она на сопругот Душко, кои наводно биле сведоци на настанот.

Информацијата дека Јелена завршила во модринки, наводно ја потврдиле сите присутни.

Исто така, Тошиќ на инспекторите во полициската станица Савски Венац, каде што дал изјава, им рекол дека е шокиран бидејќи Јелена пријавила такво нешто во полиција.

-Се каравме, шокиран сум, не разбирам што ми се случи – рекол Душко Тошиќ кому полицијата во следните 48 часа му забранила да и се приближи на сопругата.