Мики Секуловски гостуваше во последната сезона на телевизиското шоу „Нешто конкретно“ каде со останатите гости полемизираше на повеќе теми.
Македонскиот пејач на кој за влакно му избега триумфот во „Ѕвездите на Гранд“ даде интересен одговор кога водителката Снеже Велков го праша колку пари бараат за победа во шоуто.
„Јас не го разбирам тоа.. На пример, ќе отпадне некој кандидат и вика.. ме тераа да платам. Колку пари ти бараат тебе? Значи, овој Саша (Поповиќ н.з.) има милиони.. тешки милиони има човекот.. Колку пари он ќе ти побара да платиш за да победиш? Илјада, две илјади евра.. Стварно не ми е јасно“, ѝ одговори Секуловски.
Во истата епизода гостуваше и Омар Џаферовски кој исто така одлично се претстави во истото шоу, па и тој даде свое видување на нештата.
„Последниве неколку години таа полемика се води. Кога ќе испадне кандидат, одма почнува муабетот.. Еј, мене пари ми бараа. Зошто за ова не си зборувал додека се’ уште си се натпреварувал? Не, разбирам. Сигурно не ти барале пари секунда пред да излезеш?“, прокоментира Џаферовски.