Македонскиот финалист во „Ѕвездите на Гранд“ Никола Станишиќ се огласи на социјалните мрежи откако синоќа неочекувано беше прекинато големото финале поради случувањата во Белград.
– Искрено ми е жал што престана да се емитува емисијата, но и реално требаше затоа што тука во Белград е хаос, се десија многу неочекувани работи, има големи протести и прекинаа емитување на ТВ Пинк, не можеле луѓето од Србија да гласаат за Србите, а сите други држави можеа и веќе беше тотално неправедно да се продолжи и го презакажаа датумот за следната сабота, исто време, рече Никола.
Тој додаде дека гласовите дадени синоќа се важат.
– Гласовите се важат, сите што гласаа и ви благодарам многу, знам дека сте во огромен број. Остануваат гласовите и продолжуваме во сабота, така да се гледаме во сабота, не е ни до мене, не е ни до Гранд, едноставно така требаше да биде, изјави Никола.