Нермин Сулејмановиќ (35) завчера ја уби својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, а потоа уште две лица, додека рани уште тројца. Неговото злосторство е уште побрутално бидејќи ја застрелал сопругата пред нивното бебе, а злосторството го снимил и во живо го пренесувал на Инстаграм.

По крвавиот пир, бебето го спасил локалниот жител Емир Џиновиќ, сопственик на теретаната во која тројниот убиец работел како инструктор. Излегол на местото на злосторството и го спасил деветмесечното бебе кое лежело во локва крв.

– Беше спуштено на подот во локва крв. Ја претепал својата несреќна сопруга до непрепознатливост. Се знаеме долго време, тој работеше за мене, никогаш немаше никакви проблеми. Не знам како се случи ова – изјави Џиновиќ.

Детето останало во локва крв на подот откако Сулејмановиќ ја убил Низама. За време на директен пренос на социјалните мрежи, избезумениот Сулејмановиќ рече „некој да дојде по детето“. Меѓутоа, Емир сега добива заканувачки пораки на социјалните мрежи бидејќи спасил дете од локва крв.

– Од вечерва ловот е отворен за тебе. Само да знаеш – му напишал помлад човек и му испратил слика од пиштол со куршуми.

Не ме осудувајте

Џиновиќ објави и скриншот од порака на која се гледа дека за време на грозоморното емитување на социјалните мрежи го молел полудениот Сулејмановиќ да престане.

– Не ме осудувајте. Има полиција, ако сум направил нешто нека ме судат. Ниту сум поддржал некаква една форма на насилство, ниту ќе поддржам. Ја сакав и ја почитував Низама како дел од семејството. Го молев и преколнував да не го прави тоа. Покрај две деца отидов да го спасам тоа дете и фала богу успеав. Ги молам сите мои пријатели, ако сум направил нешто на штета, се извинувам – напишал Емир.

Да потсетиме, Сулејмановиќ во петокот во живо го пренесуваше убиството на сопругата, а потоа ги уби таткото и синот Џенгиз и рани три лица.