Вечерва бизнисменот Ивица Георгиевски се огласи преку Фејсбук каде пишува дека не е уапсен и дека станува збор за лажна вест. Во објавата пишува:

Против сите квазиновинари, приучени, неспособни и нереализирани поединци, кои своите фрустрации ги покажуваат на ваков начин, ќе поднесеме кривични пријави и тужби согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, а постапките пред надлежните органи ќе ги поведеме итно!

Немилосрдноста на лажните вести кои предизвикуваат огромна штета на респектирани и успешни претпријатија и личности треба да биде најстрого санкционирана.

Го повикувам МВР и сите надлежни органи да создадат законско решение, а најдобро, клеветата и навредата повторно да ги вратат во Кривичниот законик, и еднаш засекогаш да стават крај на континуирано пласирање на тешки лаги и клевети кои ги вознемируваат нашите семејства.