Во Градачац денеска започна тридневна жалост по крвавиот пир на фитнес тренерот и бодибилдер Нермин Сулејмановиќ, кој брутално ја уби својата невенчана сопруга и се пренесуваше во живо на Инстаграм.
Покрај неа, уби уште две лица, татко и син, рани уште тројца, а по неколкучасовно бегство се самоуби. По грозоморното злосторство се огласи сестрата на убиената, пишува Дневник.хр.
Со заедничка слика на социјалните мрежи, Е.Г. на Фејсбук напиша:
– Убава моја најдрага, сè уште не можам да верувам дека ова можеше да се случи. Најмногу те сака сестра ти – напиша на Фејсбук Е.Г.
Сулејмановиќ неколку пати бил осудуван за разни кривични дела, а пред околу 15 години за обид за убиство. Во Градачац за денеска се најавени протести поради бруталните убиства.