Од ликвидираниот Васко Љешковиќ, висок припадник на Шкаљарскиот клан, кој беше убиен во петокот попладне во Цетиње, се опростија сопругата, родителите, пријателите, роднините, како и членовите на кланот.
„Те убија кукавички, во домот, како што и им доликува и тоа беше единствен начин да му се доближат на лав како тебе“, со овие зборови неговата сопруга се прости од Васко Љешковиќ (37). Покрај неа, од Љешковиќ се простија бројни пријатели, кумови и личности поврзани со Шкаљарскиот клан, а само во еден црногорски весник за него се појавија 118 некролози.
Убиен од професионален снајперист – Да потсетиме, професионалниот убиец, по кој се уште трага црногорската полиција, пукал од голема далечина и ја погодил жртвата директно во срцето додека тој ручал во дворот од својата куќа опкружен со високи ѕидови. Се сомневаат дека Љешковиќ е уште една во низата жртви во војната меѓу двата спротивставени которски клана, Кавачки и Шкаљарски.
– СНајдраг мој, нема зборови што можат да ја опишат оваа тага и болка. Чесно и поштено одеше низ животот, беше ќовек и сопруг за пример, ме остави да бидам горда што сум твоја сопруга. Бевме две души и едно тело, додека јас живеам, живееш и ти во мене. Почекај ме на друго место каде што ќе ја продолжиме оваа наша најголема љубов, токму таму каде што застанавме. Те убија кукавички, во мојата куќа, како што им доликува и единствен начин да му пријдат на лав како тебе. Те сака жена ти засекогаш, мој Радо – пишува во некрологот напишан од сопругата.
Неговите родители напишале:
– Сине наш, убавино наша, како да се помириме со оваа болка. Ти беше нашата среќа, нашата радост, нашата гордост. Големите мажи како тебе никогаш не умираат. Ни ја остави твојата Марија, а ние ветуваме дека ќе се грижиме за неа и ќе ја сакаме. Почивај во мир ангелу наш.
Живеел во вила опкружена со ѕидови
Прекрасната вила опкружена со ѕидови и покриена со видео надзор не успеа да го спаси „шкаљарецот“ кој со години беше мета на Кавчанскиот клан. Негов прв сосед беше Горан Радоман, првата жртва на војната со клановите во Котор, кој беше убиен во февруари 2015 година, само два месеци по исчезнувањето на товарот кокаин од стан во Валенсија. Неговиот брат Владан Радоман, кој се потпишал на еден од некролозите, покажа колку се големи пријатели и соседи.
– Брате мој! Ќе недостигаш за сè што следува и што без твое присуство нема да биде целосно. Зад себе остави тага која нема да стивне, но пламенот на вашата енергија и хуманост пркосно ќе ни го запали и осветли нашиот пат! Почивај во мир – стои во некрологот.
За неговата глава нудеа 50.000 евра
Од убиениот Љешковиќ се прости и Танасије Јовановиќ, кој и самиот беше мета. Јовановиќ, да потсетиме, беше тешко повреден на 20 јуни кога до оклопниот автомобил на „шкаљараците“ Драган Рогановиќ (36) и Петар Калуѓеровиќ (20), кои притоа беа убиени, беше активиран експлозив закачен на дрво.
Инаку, убиениот цетињенец бил тема на разговор меѓу членовите на кавачкиот клан, а во јавноста излезе и една од преписките на Скај. Во пораките стои дека „кавчаните ќе му ги изваделе очите на Љешковиќ“, а за неговата глава своевремено нуделе 50.000 евра.