Судијката Лејла Нумановиќ, која го одби барањето на полицијата во Градачац да му забрани на монструмот Нермин Сулејмановиќ да ѝ се приближува на Низама Хеќимовиќ, која брутално ја ликвидираше пред пет дена, завчера поднесе жалба до Федералната полициска управа (ФУП) против МВР и полициската станица во Градачац, дознава порталот „Аваз“.

Нумановиќ, и покрај изјавата на жртвата Хеќимовиќ, го одбила барањето да му се забрани на насилникот да ѝ се приближува на својата невенчана сопруга, која ја претепал поради невкусна храна, бидејќи како што е наведено, судијакта немала доволно докази за да му забрани пристап!?

Но, по објавувањето на одлуката, Нумановиќ зела боледување, наведувајќи дека против неа се води хајка. Таа во пријавата до ФУП изјавила дека не можела да определи мерки за да се спречи приближувањето кон Низама Хеќимовиќ, бидејќи полицијата во Градачац „не ѝ обезбедила материјални докази“.

Во меѓувреме против неа Дисциплинскиот обвинител на ВСОК отвори предмет за да ги истражи нејзините постапки. Срамно е образложението на претседателката на Судот во Градачац, Слободанка Којиќ, дека ги немале сите докази, а ги игнорирале основите на сомнение.

– Работите да бидат уште полоши, Којиќ знаеше каков монструм е тој, бидејќи таа работеше на неговите случаи, пишува „Аваз“