Потрагата по малата Данка Илиќ влезе во седмиот ден. Се појави наводна снимка од Виена, која се истражува, а Интерпол распиша жолта потерница. Во меѓувреме се јави вујкото на Данка, кој кажа што се случило тој ден.
„Ќе ви кажам сега што се случи тој ден. Одиме по ред. Данка на последната фотографија се наоѓа 30 метри од братот и мајката, близу до сеното во дворот на куќата. Можеби некој се сокрил и чекал вистински момент. Тоа е фотографија која се наоѓа на телофонот на мојата сестра, и сликана е во 13:20 часот“, кажа братот на мајката, пренесува Блиц.
Вујкото тврди дека девојчето веќе еднаш се обидело тој ден да отиде подалеку од својата мајка, а тоа го забележала на време, и го вратила кон себе.
„Мојата сестра Ивана отишла до автомобилот на постариот син да му донесе вода која била на совозачкото место. Девојчето останало во дворот. Кога се вратила, веќе ја немало. Тоа биле само неколку секунди“, тврди вујкото.
Рече дека неговата сестра не дигнала веднаш паника, и верувала дека е некаде во дворот. Ја барала насекаде, и потоа го повикала нејзиниот сопруг да му каже дека не може да ја најде Данка, и потоа повикале полиција.