И вработените од фитнес центарот Project Fit се збогуваа од билдерот Мирко Петровски, кој ненаејно почина денеска и ја остави во тага и неверување целокупната македонска јавност.
– Почитувани, Со големо жалење Ве известуваме дека нашиот шампион, гуру и учител Мирко, прерано не напушти. Вечна му слава ! За денот на повторно отварање на Project Fit ќе Ве известиме дополнително!, објавено е на официјалнатаб ФБ страница на фитнес центарот.
Мирко Петровски од најрана возраст се занимаваше со бодибилдинг. Зад себе ги остави сопругата Светлана и 9-годишниот син.
Причината за неговата ненадејна смрт се уште не е позната. Последна почит на Петровски ќе му биде оддадена утре од 13 до 14 часот на гробиштата во Бутел, каде ќе биде неговото вечно почивалиште.
Почитувани,
Со големо жалење Ве известуваме дека нашиот шампион, гуру и учител Мирко, прерано не напушти. Вечна му слава !За денот на повторно отварање на Project Fit ќе Ве известиме дополнително !
Posted by Project Fit Skopje on Wednesday, March 6, 2024