Русија ја гаѓа украинската воена инфраструктура, воздушната одбрана и воздушните сили со високопрецизно оружје и не ги напаѓа украинските градови, објави во руската новинска агенција РИА, цитирајќи го руското Министерство за одбрана.
Киев пак соопшти дека Москва започнала сеопфатен напад врз Украина, со воени командни центри во голем број градови погодени со проектили.
Пет минути после 6 часот во Киев се огласија сирените за воздушен напад, јавува Си-Ен-Ен.
Извештаите од западните новински агенции рано на 24 февруари наведуваат дека повеќе градови биле нападнати и дека копнените сили влегуваат во Украина од различни позиции во Русија и Белорусија.
Видеото во живо од CNN покажа експлозии во неколку делови на главниот град Киев. Ројтерс цитира сведок кој вели дека експлозии се слушнале во Киев.