Пејачката Тања Савиќ ги изненади сите на социјалните мрежи со нова фотографија на која е облечена во невестински фустан и носи вел на главата.

Имено, пејачката позираше во венчаница и посочи дека е во Бања Лука, па во описот стави: „Свадба“ и додаде емотикони на прстен и бело срце.

Во коментарите на Инстаграм следбениците на Савиќ веднаш и честитаа, а таа не објасни кој е младоженецот и дали навистина се омажила.

Она што и е познато на јавноста е дека пејачката беше во врска со Драшко Станивуковиќ, градоначалникот на Бања Лука. Инаку, многумина коментираат дека Тања снимила само спот за новата песна, а што е вистина останува да видиме.

Савиќ се разведе од сопругот Душан Јованчевиќ со кој има два сина.