Марина Туцаковиќ, текстописец и автор на бројни хитови, почина во неделата на 19 септември, на 67 -годишна возраст.

Таа веќе долго време се бореше со карцином, за што јавно зборуваше многу пати. Иако беше оптимист во последните месеци и имаше надеж дека ќе успее да ја надмине пеколната болест, состојбата на Марина одеднаш се влоши ја загуби најголемата битка во животот.

Марина е дел од сцената со децении, но малку се знае за тоа како изгледала во младоста.

На социјалните мрежи е можно да се најде фотографија на која Марина се смешка во прегратките на нејзиниот сопруг Александар Радуловиќ- Фута.