На видеото што го добиле хрватските медиуми, а на кое поради бруталноста морале да отстранат дел како што тврдат, може да се види како обезбедување тепа млади момчиња. Еден лежи во несвест. Во позадина, обезбедувач нокаутираше млад човек во бела маица со два удари
– Страшно е тоа што им го направија. Тепајќи ги така… Па, му го отворија черепот на момчето. Треба да ги заштитат луѓето и евентуално да ги исфрлат оние што прават неред, а не ова, раскажува шокирана читателка за сцените во ноќниот клуб Оникс на хрватскиот остро Крк.
– Младите момчиња ги однесе Брзата помош, не знам каква е нивната состојба, лицата им се деформирани од ударите што ги добија. Ги тепале и кога биле во несвест. Се надевам дека ќе одговараат за ова – додава читател кој тврди дека обезбедувањето не било пронајдено на местото на настанот кога дошла полицијата.
Од Полициската управа Крк го потврдија инцидентот во ноќниот клуб Оникс. Велат дека претепаните момчиња веќе биле пуштени од болница по инцидентот кој се случил минатата сабота.
Видеото можете да го погледнете на следниот линк…