Натпреварот меѓу Фиорентина и Интер во Серија А беше прекинат во 17. минута откако на теренот колабираше фудбалерот на домашните, Едоардо Бове.
Бове колабираше во 17. минута, а играчите веднаш формираа ѕид околу него, со цел да може да му помогне лекарскиот тим.
Дел од фудбалерите беа во солзи, а натпреварот е прекинат и се поизвесно дека нема да се доигра вечерва.
Бове остана да лежи неподвижен и веднаш почна паника на стадионот. Сепак, според последните информации играчот на Фиорентина може да дише самостојно, што се одлични вести.
Според последните информации, Бове е свесен и во стабилна состојба, неговиот живот не е во опасност.
Наскоро се очекуваат официјални информации од клубот од Фиренца.