Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтер го потресе местото Кале во турската област Малатја во 10:46 часот по локално време, јави агенцијата Анадолија.

Според информациите објавени на веб-страницата на Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), во 10:46 часот по локално време е регистриран земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтер, чиј епицентар бил во местото Кале во турската област Малатја.

Земјотресот бил на длабочина од 10,07 километри. На социјалните мрежи се појави снимка од моментот на земјотресот додека водителка чита вести на една од телевизиите.

Засега нема информации за евентуални жртви, но предизвиканата материјална штета е очигледна. По земјотресот карпи и камења завршија на дел од патиштата на кои беше отежнато движењето.