Американскиот одбојкарски тренер Џејсон Масер се самоуби еден ден откако беше ослободен откако беше обвинет за силување на 15-годишна играчка во тимот што го тренираше.

Масер работел во два клуба на Лонг Ајленд, каде, според полицијата, во два наврати силувал 15-годишно девојче, поради што бил уапсен.

На првото рочиште тој ги негираше обвиненијата, а на 1 април повторно требаше да се појави во судот. Веднаш по поднесувањето на пријавата добил отказ од двата одбојкарски клуба каде што работел.
Според американските медиуми, Масер по покренувањето на обвинението платил кауција од 75.000 долари.

Ден по ослободувањето си го одзел животот фрлајќи се под воз на Лонг Ајленд, а била пронајдена и неговата проштална белешка.