Слаткото мало девојче денес е голема девојка!

Една од најпопуларните учеснички на музичкиот натпревар „Пинкови ѕвездички“, Лена Стаменковиќ, ги освои срцата на целата јавност како слатко девојче во текот на 2014 година, кога за прв пат се појави на сцената.

Учесничката на првата сезона на најгледаното музичко натпреварување „Пинкови ѕвездички“ остави голема трага со своите одлични интерпретации, а нејзините изведби се уште се слушаат низ интернет просторот.

Ѕвездичката на Пинк во една прилика за Pink.rs откри како си поминала на Детскиот Евросонг и истакна дека нејзиниот сон е да ја претставува Србија на вистинската Евровизија.

– Тоа е мојот сон, навистина. Од друга страна, јас веќе ја претставував нашата земја и можеби на некој друг треба да му се даде шанса. Минатата година ми рекоа да уживам во се бидејќи времето минува многу брзо. Прекрасно искуство е, убаво е да се доживее сето тоа – изјави Лена.

Таа ја маѓепса публиката со својот глас и талент, како и со својата харизма која многуммина ги воодушеви.

Лена денеска има 17 години, а освен што пееше и се натпреваруваше во „Пинкови ѕвездички“, се испроба и на една претстава. Лена денес прерасна во вистинска убавица и сите и се восхитуваат што остана харизматична и искрена како порано.

Многумина се шокирани кога ја видоа, а нејзините најнови фотографии можете да ги погледнете подоле.

📸

📸