Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена – на улица имало потполно гола проститутка.

Како што се дознава, неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица. Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку мостот Блаж кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажалo дека е транс девојка. Како што е познато, претходно дошло до расправија со нејзиниот клиент. Споменатата девојка е од Шпанија и работи како деловна придружба.

Таа не сакала да соработува со полицијата, по што била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, каде јасно се посочува дека е транс и дека се уште нема извршено операција за промена на полот.