Имено, на видеото од плажата во Патра може да се види како огромна змија излегува од морето и лази по плажата до грмушките, објави Телеграф.

Меѓу стотиците коментари на ова видео, голем е и бројот на оние на кои не им било грижа кога на плажата виделе рептил кој, колку што може да се процени од видеото, бил долг од 1,5 до 2 метри.

„Ова сега треба да умре, беше еден од многуте коментари на оние кои не сакаат змии или се плашат од нив.

Од друга страна, имаше доста реакции од оние кои тврдат дека не е отровна, дека е нејзино природно живеалиште, дека луѓето се натрапници на плажата, а не змиите, па сѐ до смешни коментари.

Како и да е, само ова видео од Патра предизвика бура од коментари.

Погледнете го видеото и ќе ви стане јасно зошто: