Најмалку три лица се повредени денеска, од кои едно потешко, кога гром удри на плажа на италијанскиот јадрански брег, јавуваат медиумите.

Италијанските медиуми јавуваат дека околу пладне гром ја погоди плажата кај Алба Адријатика, во регионот Абруцо, додавајќи дека бројот на повредени може да достигне до седум.

Според италијанската агенција АНСА, повредените со хеликоптер биле пренесени во блиската болница.

– Настрадаа три жени. Две се во тешка состојба. Останатите присутни беа во шок. Инцидентот се случил околу пладне на јужниот брег на Алба, на слободната плажа помеѓу вилата Пиколо и концесиите на Карибите, објавија медиумите.

Цивилната заштита денеска предупреди на нестабилни временски услови во централниот дел на Италија, со можна појава на невреме и често „празнење на атмосферскиот електричен набој“.

– Небото беше облачно и врнеше неколку минути, но се уште умаше многу луѓе. Се слушна татнеж и потоа настана паника, апокалиптична сцена, велат очевидците.

Тројцата повредени останале на земја.

Најсериозна е состојбата на 41-годишна жена од Алба Адриатика, која доживеала срцев удар и била реанимирана на лице место со дефибрилатор.

Потоа ја презел хеликоптерот 118 директно на плажата и беше пренесена во болницата Мацини во Терамо, сега е на интензивна нега.

64-годишна белгиска туристка, исто така, била тешко повредена и хоспитализирана во Терамо, првично била погодена од привремено губење на чувствителноста во долниот дел од телото (парестезија), која потоа се влошила и исто така доживеала срцев удар за време на спасувањето.