Телото на 41-годишниот Александар Томиќ е пронајдено закопано во шума. Тој немал облека на себе. Полицијата се уште истражува кој го убил.
Телото на 41-годишниот маж било пронајдено без облека, закопано во гроб во шума, а немало траги дека е застрелан или прободен. Сè укажува дека гробницата била подготвена порано“, изјавил извор близок до истрагата.
Александар Томиќ (41), претприемач и моторџија од Босна и Херцеговина, исчезна на 13 јануари откако излегол од дома во друштво на маж. Бидејќи со часови не се враќал дома, неговата сопруга ги алармирала сите нејзини познаници и моторџии кои тргнале во потрага.
Набрзо откриле дека Аудито, во кое е виден Томиќ, било забележано во селото Кареве воде во Пале. Во меѓувреме се појавија информации дека 41-годишникот е убиен, а откриена е и гробницата во која е погребан, пренесува Српска инфо .
Неговото тело беше ексхумирано, а потоа во јавноста излегоа страшни детали. Маж е уапсен под сомнение дека го убил Александар Томиќ.
Окружното јавно обвинителство во Источно Сараево соопшти дека заедно со полицијата ја продолжуваат истрагата за убиството на Томиќ. Телото ќе биде пренесено во Бања Лука каде ќе биде извршена обдукција.