Германскиот фудбалер Јосуа Кимих одлучи да се вакцинира, кон крајот на февруари ја прими првата доза. За него доста се пишуваше во германските медиуми, бидејќи долго време одбиваше да се вакцинира.

Баерн, чиј фудбалер е тој, уште на почетокот од сезоната одлучи да ги казнува играчите кои ќе завршат во изолација, а не се вакцинирани. Досега на Кимих од платата му биле одбиени 800.000 евра.

Кога кон крајот на ноември се зарази од коронавирусот му се оштетија белите дробови, па го промени мислењето.

„Ми беше тешко да се носам со стравот и загриженоста во врска со вакцинацијата и затоа бев толку неодлучен. Гледајќи наназад, ќе беше подобро ако се вакцинирaв“, изјави Кимих во јануари.

Иако имаше термин за вакцинација кон крајот на декември, беше одложен за крајот на февруари поради неговото претходно заразување.