Убиената жена во населбата Пофалиќи во Сараево чие тело беше пронајдено денеска е Нермина Равлиќ. Како што дознаваат босанските медиуми, таа пред неколку месеци се омажила за својот сопруг Горан, кој е осомничен за нејзиното убиство.

Претходно сараевската полиција соопшти дека уапсила три лица откако во стан било пронајдено безживотното тело на Нермина Равлиќ (38).

„Полициски службеници на Полициската управа на МУП на кантонот Сараево, под надзор на дежурниот обвинител на Кантоналното обвинителство на Кантон Сараево, го лишиле од слобода 36-годишниот Г.Р., за кривично дело убиство и Л.Р (76) за кривично дело Соучесништво во убиство, како и 67-годишниот Љ.Ј. поради кривични дела Непријавување на кривичното дело или на сторителот и Помагање на сторителот по извршеното кривично дело на штета на 38-годишната Н.Р. од Сараево, соопшти МВР.

Покрај Горан Равлиќ, уапсена е и неговата мајка Леџиба како и 67-годишно лице кое помогнало да се прикрие убиството.

Горан и Нермина се венчале пред неколку месеци, а претходно се познавале неколку години.

Сите уапсени се во службените простории на Управата на полицијата, а по кривичната истрага ќе бидат предадени во надлежност на Кантоналното обвинителство на кантонот Сараево.

Морбидни статуси по убиството

Горан Равлиќ, мажот кој е осомничен дека ја убил сопругата Нермина Равлиќ, на социјалните мрежи објави морбидни статуси во кои пишува за љубовта кон Нермина.

Морбидноста и монструозноста од ваквите објави излезе на виделина дури откако утрово беше објавено дека полицијата го пронашла телото на Нермина во стан во сараевската населба Пофалиќи.

Телото со денови било во станот, а Равлиќ, на пример, вчера на Фејсбук пишувал љубовни статуси, иако сопругата во тој момент веќе била мртва.