Грчката одбојкарка Маргарита Економопулу почина на само 34 години.

Одбојкарката со стаж во неколку атински екипи почина на аеродромот во Тајланд од каде се враќаше од одмор. Причината за смртта останува непозната и е под истрага.

Родена е на 11.04.1990 година и уште од мали нозе почнала да игра одбојка во Хераклис Кифисија. Во 2022 година престана да биде активна.

Беше и потпретседател на Управниот одбор на ОАКА.