Loading...

Српскиот танчар Срѓан Будиќ (30) загинал во сообраќајна несреќа во близина на градот Текирдаг во северозападна Турција, пренесе агенцијата Анадолија.

Имено, тој со својот автомобил удрил во столб од бетонски мост, пренесува турски Хуриет. Во несреќата се повредени тројца пријатели на Будиќ кои по инцидентот се пренесени во болница.

Несреќниот маж по несреќата бил итно пренесен во болница, но таму им подлегнал на повредите. Истрагата е во тек.

Loading...

– Несреќата се случила откако 30-годишниот Будиќ изгубил контрола над возилото и удрил во столб на мостот во близина на наплатните пунктови на патот од Чорлу кон Истанбул – јавува Anadolu, објавувајќи страшна фотографија од местото на настанот. Инаку, Будиќ и неговата екипа биле на пат за Истанбул, а претходната вечер настапувал во овој град на џез фестивал.