Мистериозната смрт на четири бебиња во Амалијада, Грција, сериозно ја вознемири јавноста, особено откако се дозна дека во моментот на сите четири трагедии била присутна истата 24-годишна девојка. Две од починатите бебиња биле нејзини, а две на нејзини пријателки, пишува грчкиот портал Екатимерини.
Сè започнало на 19 јуни 2022 година кога под сомнителни околности починало новороденче кое имало 19 дена. Станува збор за бебето на осомничената девојка.
Следниот сомнителен инцидент се случил на 17 јуни 2023 година, кога починала нејзината втора ќерка, која имала само два месеца. А потоа, на 5 август 2024 година, се случила уште една трагедија кога починало 15-месечно момче, син на нејзината пријателка. Во меѓувреме се дознало дека уште едно бебе, кое било на втора пријателка на осомничената, починало во 2021 година.
Откриено е дека пред 10 години животот го загубила и сестрата на осомничената која ненадејно починала кога имала само неколку месеци, а причината за смртта никогаш не била откриена.
Организацијата „Насмевка на детето“ наведува дека „24-годишната жена очигледно уште од детството била во лоша семејна средина“.
Информирани се сите органи на прогонот и на обвинителството, додаваат оттаму.
Ниту едно од четирите деца немало траги на злоставување на телото.
Отворена е истрага.