Централниот одбор на СДСМ вечерва на седница го избра новото раководство на партијата.

Според информациите, нов генерален секретар на партијата е Александар Димитријевиќ, кој потекнува од Општинската организација во Гази Баба.

Исто така, избрани се два нови организациски секретари и тоа: поранешниот пратеник Мартин Костовски од Куманово и Љупчо Фармаковски од СДСМ Центар.

Во новото раководство на СДСМ ќе бидат четворица потпретседатели: поранешната министеркa Каја Шукова, Менде Илиевски, Ана Чупеска и Кристина Костова.