Романски хеликоптер испратен во мисија за пребарување и спасување се урна доцна вечерва и притоа загинаа седум војници, откако претходно романски воен Миг 21 исчезна од радарот.
Пилотот на хеликоптерот IAR 330-Puma пријавил неповолни временски услови и бил повикан назад во базата пред падот, соопшти Министерството.
Романското Министерство за одбрана потврди дека во несреќата загинале седум војници, а не пет како што првично беше објавено.
– Во авионска несреќа во средата на 2 март, во која учествуваше хеликоптер ИАР 330-Пума, животот го загубија седум војници, рекоа тие.
Според нив, воениот хеликоптер на воздухопловната база Михаил Ког Алничеану итно полетал во мисија за спасување на пилотот на авионот МиГ 21 ЛансР.
Хеликоптерот ја изгубил радио врската со базата околу 20.44 часот и се урнал во областа Гура Доброгеи, во близина на Констанца, на околу 11 километри од аеродромот. Спасувачката операција на пилотот од авионот МиГ 21 ЛансР се уште е во тек.