Ако пред два дена светот дозна за тешката здравствена состојба на Мино Раиола и дека се бори за живот, денес семејството потврди дека фудбалскиот агент, починал.

Познатиот фудбалски агент ја загуби битката со болеста и почина на 54-годишна возраст.

Пред два дена се појави вест дека починал, која беше демантирана од семејството, но од болницата во Милано изјавија дека Раиола е во многу тешка состојба.