Пејачката Теа Таировиќ уште на 16 години започнала да се занимава со пеење. Таа открила дека незиниот прва заработка била 1.000 српски динари.

– Уште на 16 години започнав да се занимавам со пеење. Најдов на оглас бенд кој бара пејачка. Бев потполно без искуство, тие беа скептични, но ми кажаа дека можам да пробам – рекла Теа во една прилика за медиумите.

– На првиот настап заработив 1.000 динари (500 македонски денари), кои ги добив една недела подоцна, бидејќи брзав за дома за да можам да поспијам и да одам на училиште. За една недела повторно дојдов и ги земав моите 1.000 динари. Исто е чуството и кога ќе заработите 1.000 динари и 1.000 евра – рекла Теа.

Да потсетиме, ова лето во јавноста се појави експлицитно видео на Теа, меѓутоа таа не сака да зборува за тоа.