Американскиот музичар Бинг Вортингтон, брат на познатиот рапер Снуп Дог, почина на 44-годишна возраст, објави „Ти-ем-зи“.

Причината за смртта сѐ уште не е позната.

По објавата на тажната вест, Снуп Дог му посвети неколку објави на својот брат.

„Ти секогаш нѐ смееше. Сега повторно си со мама“, напиша раперот.

Да потсетиме, Бинг Ворингтон долги години соработуваше со брат му и се занимаваше со музика.

Тој имаше своја музичка група „Лајфстајл“, со која сними неколку студиски албуми. Но, во меѓувреме се откажа од рап музиката.

Пред неколку години, Ворингтон отвори свое музичко студио и продукциска куќа.