Претседателката на американската издавачка куќа „Блумсбери“, Адриен Вон, загинала пред очите на нејзиниот сопруг и двете мали деца кога нивниот глисер удрил во едрилица кај брегот на Италија.
44-годишната авторка Адриен Вон, чија компанија е најпозната по книгите „Хари Потер“, била исфрлена од глисерот по удар со водата, каде паднала меѓу чамците и била смртно повредена од пропелерот на едрилицата, јавуваат локалните медиуми.
Шокантна снимка снимена од гостин на забава едрилицата покажува како гостите танцуваат кога одеднаш музиката престанува и сите брзаат да видат што ги погодило.
“Што се случи?” прашува една жена додека мажот одговара: „Тој брод се судри со нас!“ Во морето може да се види 14 годишната ќерка на Вон, која се бори да плива и ѝ фрлаат појас за спасување.
Incidente sulla costa amalfitana in cui ha perso la vita una turista americana. Il motoscafo della turista si è scontrato con un veliero dove si stava festeggiando un matrimonio. #amalfi pic.twitter.com/dn6TfT3I9s
— Colonnello Kurtz (@danilomik1) August 4, 2023
Повреден е и сопругот на Вон, Мајк Вајт. Тој бил однесен во болница во Кастиљоне ди Равело, каде му била извршена операција на левото рамо, јавуваат локалните медиуми. 14-годишната ќерка и 11-годишниот син на Вон не биле повредени, но биле подложени на психолошки третман по шокот што го доживеале.
30-годишниот возач на глисерот на кој било семејстото исто така бил хоспитализиран со повреди на ребрата и карлицата – и наводно паднал на токсиколошки тестови по несреќата, според италијанската новинска агенција АНСА.