Семејна куќа лоцирана на улицата „Ѓуро Пуцар Стари“, вчеравечер изгорела во пожар, при што била причинета поголема материјална штета.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, околу 20:55 часот на терен излегле петмина пожарникари со две противпожарни возила.

Опожарен бил приземниот дел од објектот, при што била причинета поголема материјална штета.

Пожарот бил локализран и завршен во 23:15 часот.